Одличен натпревар одиграа екипите на  Монако и Стразбур во кој имаше 7 гола со два пресврти и победа на домашниот тим.

Монако прв дојде до водство со голот на Вандерсон во 19 минута, а по него фуриозно гостите вратија со головите на Мотиба во 32 минута и автоголот на штоперот Марипан во 41 минута кој донесе целосен пресврт и водство за Стразбур пред крајот на првото полувреме.

Сепак Монако во второто полувреме брзо ги презеде работите во своја корист, па со голот на Бен Сегир во 54-тата минута дојде до израмнување. По изедначувачкиот погодок домаќините притиснаа уште посилно па веќе во 58-та минута Диоп донесе целосен прсврт и предност од 3-2. Монако продолжи да напаѓа а тоа резултираше со уште еден погодок и тоа преку Фофана во 66-тата минута  кој го зголемија водството на 4-2

Дамка за домашниот тим беше црвениот картон на Фофана во 78-та миута, по што домаќините го доиграа натпреварот со  10 играчи.  Бројачаната предност гостите успееја да ја искористат дури во финишот на натпреварот кога во 93-тата минута  Диало намали на 4-3, но Стразбург немаше сили за ништо повеќе.
Со конечниот резултат 4-3 Монако останува на четвртата позиција во Лига 1, три бода зад Марсеј и Ленс кој се наоѓаат на втората и третата позиција.