Француското дерби во првата нокаут фаза на Лигата на шампиони се одигра во Монте Карло. Кај екипата на Монако гостуваше актуелниот европски првак ПСЖ.
Гостите од Париз иако губеа 2-0, сепак благодарение на два гола на Десир Дуе направија к0омплетен пресврт и победија со 2-3.
Со двата гола на Американецот, Фоларин Балогун (1 и 18.минута), домашниот тим дојде до брзо водство.

Витиња (22) не реализира пенал за парижаните, но затоа Дуе беше ефикасен во 29-тата минута и намали на 1-2. Веќе во 40-тата беше 2-2, а погоди Хакими.
Пресвртот дојде во второто полувреме (62.минута) со вториот го, на 20-годишиот Дуе за конечни 2-3 за парижаните.


































