Победата на гостувањето во Франција кај последно пласираниот тим во Евролигата, Лион Вилербан, теоретски ја остава белградска Црвена звезда за осмото, последно место што води во плејофот.

Црвено-белите славеа триумф во Лион со 76-60 и ја остварија 15-тата победа.

Но, српскиот тим има две победи помалку од осми рангираната Басконија кој вечерва го победи Фенербахче, како и Жалгирис кој славеше над Валенсија, додека Анадолу Ефес има една победа повеќе.

Теоретски, ако овие три тима загубат во наредните две кола, а Црвена звезда слави во дуелите со Олимпијакос (прво пласиран на табелата) и Фенербахче во последното коло (двата меча се играат во Белград) тогаш црвено-белите може да стигнат до разигрувањето.

Сепак имајќи во предвид дека црвено-белите зависат не само од себе туку од исходите и настапите на повеќе екипи, таа теорија се граничи со „научна фантастика“.

Резултати на останатите денешни натпревари:
ПАРТИЗАН – РЕАЛ МАДРИД 104-90
ЖАЛГИРИС – ВАЛЕНСИЈА 95-74
БАЕРН МИНХЕН – МОНАКО 81-84
ОЛИМПИЈАКОС – ПАНАТИНАИКОС 81-73
БАСКОНИЈА – ФЕНЕРБАХЧЕ 92-69

На две кола до крајот, сигурен пласман во плејофот имаат обезбедено 4 екипи: Олимпијакос, Барселона, Реал Мадрид и Монако.