Екипата на белградски Партизан забележа многу важна победа во борбата за место во плејофот во Евролигата.

Во неверојатна атмосфера во преполната белградска арена, црно-белите го победија Реал Мадрид со 104-90.

Иако гостите од Мадрид ја добија првата четвртина со 23-21, а на почетокот на втората имаа највисоки +4, сепак во продолжението избраниците на Обрадовиќ заиграат супер одбрана која од минута во минута им носеше поголема предност за на крајот да слават со 15 разлика

Куриозитетно, но тројцата први стрелци на мечот беа од гостинската екипа, Муса 22, Дек и Хезоња по 17 поени, додека во победничката Лесор и Пантер постигнаа по 15, а Ексум 14 поени.

Партизан сега има „скор“ 18-14, колку што има Фенербахче, и е на една победа повеќе од Басконија и Жалгирис односно две од Анадолу Ефес.