Во раниот дел од програмата во Мелбурн, тројца италијански претставници се пласираа во четвртото коло на Австралија Опен. Меѓу нив беше и Јаник Синер, кој го загуби првиот сет.
Ова не беше најдобриот настап на светскиот тенисер беој 1, Синер. Тој имаше и физички проблеми, но славеше во четири сета против 85-от играч во светот, Американецот Елиот Спизири. Италијанецот го загуби првиот сет со 4:6, но следните три ги реши во свија полза со 6:3, 6:4, 6:4.
Уште двајца негови сонародници славеа победи.
Лучано Дардери направи изненадување и по четири сета го совлада 15-носител Карен Качанов. Четири сета одигра и петтиот носител Лоренцо Мусети кој беше подобар од Чехот, Томаш Мачак со 5:7, 6:4, 6:2, 5:7, 6:2.
Ова беа дуели од 1/16-финалната рунда во која остануваат уште четири меча. Меѓу нив и настапот на Новак Ѓоковиќ кој под 9 часот ќе го почне мечот со Ботик Ван Де Зандшулп од Холандија.



































