Екипата на МЗТ Скопје Аеродром мора да победи против Војводина во денешниот натпревар од АБА2 лигата.

Васко Атанасов, тренер на МЗТ Скопје Аеродром, е свесен за значењето на вечерашниот натпревар, но сепак верува во победа.

„Новата година ја почнуваме со голем предизвик, дуел против екипа која е меѓу најдобрите во АБА2 и во која настапуваат голем број квалитетни и искусни играчи.

Средбата е исклучително важна за двата тима, кои во моментов имаат ист број бодови, поради што очекувам голема борба од почетокот до крајот на мечот.

Играме на домашен терен, што значи дека ќе имаме голема поддршка од трибините, што секако ќе ни донесе дополнителна предност во однос на противникот.

Добро трениравме изминатиов период и верувам дека ако одиграме како што знаеме тогаш верувам дека ќе се радуваме на крајот“, вели Атанасов.

Дуелот меѓу  МЗТ Скопје и Војводина ќе почне од 20 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи