ГРК Охрид оствари убедлива победа со 40-21 против Врбас во пријателски натпревар од зимските подготовки.
Охриѓани доминираа целосно и не му оставија простор на противникот да се закани во текот на мечот. Најефикасен беше новиот член на охриѓани Џанфранко Прибетиќ со седум погодоци, а Јагуриноски и Иванковиќ постигнаа по пет гола.
Охрид веќе го потврди учеството на силниот турнир „Вук Рогановиќ“ во Белград. На 17 и 18 јануари тимот ќе одигра два натпревари за два дена. На турнирот ќе настапат Партизан, Динамо Панчево и Тримо Требње. Македонскиот клуб ќе има можност да ја тестира формата против реномирани противници.
Овој настап ќе биде клучен дел од подготовките за домашното првенство.





































