Ноќеска во НБА лигата се одиграа само четири на кои само една победа забележаа гостинските екипи.
За тоа се погрижија кошаркарите на Денвер кои предводени од Никола Јокиќ славеа кај Сакраменто со 105:136.
Јокиќ натпреварот го заврши со двоен ефект со 36 поени, 12 скока и осум асистенции, додека Пејтон Вотсон додаде 21. Малик Монк со 18 и Расел Вестбрук со 17 поени се истакнаа за „Кингс“. За Денвер ова беше четвртата победа во низа, а вкупно 18-та сезонава.
На другите три натпревари победи впишаа домашните екипи.
Најнеизвесно беше на дуелот во Хјустон каде „Рокетс“ го совладаа Лос Анџелес Клиперс со 115:113. Бадијала остана остана партија на Хрватот, Ивица Зубац , кој постигна 33 поени, а имаше седум скока и една асистенција, кога Клиперси го претрпеа 19-тиот пораз. Алперен Шенгун беше најдобар во побендичката екипа со 22 поени, 15 скока и пет асистенции. Турчинот го следеа Амен Томпсон (20 поени 9 скокови и 8 асистенции, а дабл-дабл оствари и Џабари Смит со 18 поени и 10 скокови.
На другите два натпревари, Милвоки славеше над Бостон Селтикс со 116:101, а Њу Орлеанс беше убедлв против Портланд со 143:120.



































