Еурофарм Пелистер вечерва ќе има нов предизвик во Лигата на шампионите. Во рамките од 10. коло на „Б“ групата, македонскиот шампион ќе гостува кај Загреб во Хрватска.

Натпреварот носи голема тежина за двете екипи, бидејќи шансите за продолжување во нокаут фазата зависат токму од овој дуел.

Пелистерци досега имаат две победи и четири бодови, што ги поставува на претпоследното место на табелата. Загрепчани се последни, без ниту една победа во досегашниот тек на сезоната. Пред нив, на позициите што водат во разигрувањето, се ПСЖ и ГОГ со по шест бодови. Затоа двата бода од овој натпревар се императив за македонскиот тим, кој сака да остане во трката за осминафиналето.

Сезоната за Пелистер започна токму со победа против Загреб, кога во Битола славеа со 25:23. Сега повторно ќе се обидат да го совладаат истиот противник и да ја потврдат својата амбиција.

Натпреварот, со префикс „да се биде или не“, ќе се игра утре со почеток од 18.45 часот.

Јасно му е тоа и на тренерот на пелистерци Гарабаја кој верува дека неговиот тим може до нова победа.

„Имаме тежок распоред сега, за разлика од некои полесни мечеви минатиот период. Времето е кратко, но се подготвуваме најдобро што можеме. Сепак, ќе одиме да одиграме квалитетно и се надеваме на победа“, истакна Гарабаја.

Очекувањата се големи, а навивачите на Пелистер веруваат дека нивниот тим ќе успее да ја повтори успешната формула од првиот натпревар и да донесе нова радост во Битола.

Следете нé на социјалните мрежи