Еурофарм Пелистер утре ќе има нов настап во Лигата на шампоните.

Пелистерци во рамките од 10. коло на „Б“ групата ќе гостуваат во Хрватска кај тимот на Загреб.

За двете екипи овој е веројатно клучниот натпревар, кога во прашање се шансите за продолжување на настапот во нокаут фазата.

Пелистерци со две победи и 4 бодови се претпоследни, а загрепчани последни бидејќи досега ги загубија сите натпревари. Пред нив, на позициите што водат во разигрувањето се ПСЖ и ГОГ со по шест бодови. Затоа двата бода, посебно за македонскиот шампион, утревечер се императив.

Јасно му е тоа и на младиот Самуил Ристевски кој по повредата повторно се врати на терените.

„Се надеваме на најдоброто таму во Загреб. На секој натпревар одиме на победа, секако и на овој натпревар.

Загреб е одлична екипа нема лоши екипи во Лигата на шампионите. Но, ние одиме на победа, не гледам некаква пречка за да не победиме“, вели Ристевски.

А, токму со победата против Загреб 25-23, пелистерци ја отворија сезоната во Лигата на шампионите, на дуелот одигран во Битола.

Натпреварот, со префикс „да се биде или не“ меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер ќе се игра утре со почеток од 18.45 часот.

Следете нé на социјалните мрежи