Доскорешната репрезентативка останува во мак-бакетот и ќе работи со младите во КК Петровец

Македонската кошаркарска репрезентативка Ивана Кметовска, и по завршувањето ја играчката кариера, ќе да остане во мак-баскетот.

Кошаркарката која изминатите години беше една од најдобрите во домашното првенство, но и репрезентацијата, а годинава играше и за романската екипа Сепси Сик, реши да престане со активно играње на кошарка и во иднина своето искуство да го сподели со најмладите.

Таа е најавена како иден тренер на младите селекции на ново формираната кошаркарска школа КК Петровец во Општина Петровец.

„Одлучив да ставам крај на мојата интернационална кариера во кошарката. Можам да кажам дека успешно ги постигнав моите зацртани цели кои ги имав уште како почетник во кошарката. Со екипата на Сепси Сик имав можност да се натпреварувам со и против едни од најдобрите кошаркарки моментално во Европа и светот, во една од најдобрите лиги како што е еврокупот.
Во текот на сите овие изминати години на теренот добив многу, па затоа се чувствувам должна да продолжам да креирам во кошарката, но овој пат од поинаков агол.
Мојот план е да се насочам во тренерските води, со надеж дека мојата пасија кон спортот ќе ја пренесам на помладите генерации. Од месец април, заедно со моите соработници, отвораме школа за мини баскет, поточно во општината Петровец (ООУ Кочо Рацин). Сакам да ја искористам оваа прилика да ги поканам сите заинтересирани дечиња кои сакаат да спортуваат и да се дружат да ни се приклучат.
Нашата цел ќе биде, освен совладување на основните кошаркарски вештини на децата, нивно социјализирање, градење на спортски дух и навики и секако формирање на група од талентирани деца кои ќе се натпреваруваат во младинските лиги во Македонија“, ни изјави Кметовска.

Инаку, Кметовска која голем дел од своето кошаркарско знаење го научи во САД, каде и ја доби својата академска едукација е дипломиран психолог, па нејзиното не само кошаркарско познавање туку и самата професија и тоа како ќе и помогне во работата со младите категории на кои вакви спортисти и тоа како им се потребни.

Што се однесува до амбициите, иако ова е само почеток, но Кметовска и нејзините колеги очекуваат дека во клубот покрај децата од Петровец ќе се приклучат и од останатите соседни општини и населени места, па веќе од наредната сезона овој новоформиран клуб ќе биде дел од натпреварите во организација на МКФ.