Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска го почнуваа новиот циклус на квалификации.
Македонија стартува во првиот круг во квалификациите за Европското првенство 2029 година, што ќе се игра во четири земји. Естонија, Шпанија, Словенија и Грција.
Во натпревар од групата „А“ на претквалификациите противник на црвено-жолтите е селекцијата на Азербејџан. Селеторо марјан Илиевски веќе ги одреди 12-мината кои вечерва ќе истрчаат на паркетот во салата СРЦ „Кале“ во Скопје.
без Ненад Димитријевиќ кој нема да игра ниту во овој прозорец, ќе го нема ниту Џекоб Вајли, кој останува на трибините. Шанса доби неговиот сонародник и ново-печен Македонец, Омари Мур од шпанската Валенсија. Носител на играта, покрај искусниот Војдан Стојановски, треба да биде и Андреј Јакимовски кој по подолг период се враќа во националниот тим.
Азербејџан е првиот од трите противници кои Македонија ги има во ова конкуренција. Втор противник за три дена ќе биде Ирска против која ќе играме на гости, а во групата е и Луксембург.
Вечерашниот натпревар Македонија – Азербејџан што ќе почне од 19 часот, ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































