двете најдобри македонски машки одбојкарски екипи, Струмица и Штип УГД, денеска ќе имаат нови настапи на европската сцена.
Актуелниот шампион Струмица пред своите симпатизер ќе го игра реванш натпреварот против Јихпострој Чешке Будејовце. Ова е натпревар од ЦЕВ „Волејбал“ купот, односно квалификациската рунда. Струмичани ќе имаат тепка задача да надополнат три сета негатива, откако првиот меч во Чешка го загубија со 0:3.
Натпреварот што ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица ќе почне од 19 часот. Во истиот термин, недалеку, во Радовиш и одбојкарите на Штип УГД ќе го почнат својот меч.
Освојувачот на Купот на Македонија, кој дебитира на европската сцена, настапува во Челенџ купот. Како струмичани, така и штипјани ќе имаат тешка мисија. И тие во реваншот со норвешкиот Кол ИЛ ќе почнат со негатива од 0:3 по дуелот одигран во Осло.




































