Кошаркарите на Маџари продолжуваат со победи во Супер лигата. Попладнево, во натпревар од 7.коло тимот на Маџари го совлада Работнички со 87-80. Она што го градеа три четвртини кошаркарите на Работнички го „прокоцкаа“ во последната.
По израмнетата прва четвртина која Работички ја доби со поен разлика (23-24), во втората „црвените“ направија дополнителна предност. На полувремето имот од „Градски парк“ замина со +9 (38-47).
На стартот на третиот квартал Работнички имаше и најголеми +13, а во последните 10.минути влезе со предност со седум поени (59-66). Домашниот состав одлично го почна последниот квартал и брзо ка анулира негативата, а потоа и поведе (70-69). Тоа им даде поголема сигурност на домашните кошаркари кои до крајот знаеја како да го приведат натпреварот во своја полза.
Американецот, Грин со 25 поени, 8 скокови и 6 асистенции беше прво име во победничката екипа. Амар Хот оствари дабл-дабл со 16 поени и 14 скока, а блиску до таков ефект беше и Ивица Димчевски кој на 12-те поени додаде 9 скокови.
За Работнички ова е трет пораз сезонава, а Маџари ја впиша третата победа и тоа но низа.
Покрај овој натпревар денеска на програмата се уште два во Скопје. Утре, во Куманово, ќе се игра второто дерби од оваа рунда, во која првото го доби МЗТ Скопје нанесувајќи му го првиот пораз на ТФТ.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 7 КОЛО
Сабота
МАЏАРИ – РАБОТНИЧКИ 87-80
АНГЕЛИ – ТИКВЕШ 17.30 ч
ЧАИР – ГОСТИВАР 19.00
Недела
ФЕНИКС – КОЖУВ 18.30
КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР 19.00
петок
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 89-67




































