Селекторот на Фарските Острови, Хакан Ериксон имаше пофални зборови за Македонската репрезентација, но посочи дека во анализите кои ги правеле забележал многу пропусти во нашиот состав. Според Ериксон Македонија има свои шанси и против најсилните.
„Македонија има висок технички и индивидуален квалитет. Има играчи кои прават голема разлика. Она што го видов од скаутирањето е дека одбраната не ви е најдобра страна. Сепак, ја победивте Италија, а зошто не би го направиле тоа пак“, додаде Ериксон.
Ериксон со воодушевување говореше за упорноста на Фарски Острови и нивната посветеност на фудбалот а самиот верува дека може да испишат убава фудбалска приказна.
„Иако сум од Шведска, четири години сум селектор на Ф.Острови. Иако е мала тоа е фудбалска држава. Во секое село има црква и фудбалски терен. За 52.000 жители фудбалот се гледа како нешто сериозно. Сите се аматери но тренираат како професионалци.
Фарските острови се способни да направат нешто големо. За разлика од Шведска каде што бев селектор на У21 и го освоивме ЕП 2015 година разликата е што тие играчи претежно играа во странство. Ние имаме проблем да одржиме континуитет на повеќе мечеви во серија“, кажа селекторот на Ф.Острови