Македонскиот првак Еуофарм Пелистер го продолжува настапот во ракометната Лига на шампиони. По пауза од три недели елитното натпреварување продолжува со дуелите од седмото коло.
Еурофарм Пелистер во оваа рунда е домаќин на унгарскиот тим на ПИК Сегед. Ова е натпревар во рамките од Б групата во која противникот е четврто рангиран со 6 бодови, а пелистер седми со само 2.
Доколку битолчани сакаат да одржат шансите за место меѓу шесте екипи што ќе продолжат понатаму, триумф е императив.
„Ќе имаме нов тежок меч во Лигата на шампионите, Сегед е одличен тим со неверојатни играчи на сите позиции.
Одбраната им е гранитна, шутираат од секаде, особено од далечина. Во екипата е еден одличен голман и можеби едно од најдобрите крила во натпреварувањето, но ние ќе се обидеме да им ги поматиме сметките. Се надевам дека тимот наскоро ќе биде комплетен, тоа ќе биде одлично за нас.
Против ПИК Сегед ќе го дадеме нашиот максимум, мојата порака до фановите е дека ќе видат борбен тим со желба за победа“, изјави Рубен Гарабаја, тренер на Еурофарм Пелистер.
Вечерашниот дуел што ќе се игра во Битола, ќе почне од 20.45 часот, а ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.





































