Пред младата фудбалска селекција на Македонија се два ново натпревари во квалификациите за Европското првенство. Македонските младинци на домашен терен во Битола ќе играат со Шведска и Полска.
Одлуката на ФФМ, Битола да биде домаќин на натпреварите на македонските младинци беше поздравена позитивно. Но, сега работите се менуваат, а младинците ќе останат без поддршка на битолските навивачи „Чкембари“.
Ова е пораката која навивачите од Битола ја упатија до челниците на ФФМ, а по натпреварот Пелистер – Вардар кој гостите го добија со 1-2.
Во објавата на навивачката група на Фејсбук на профилот „“ меѓу другото стои:
„НЕМОЈ ДА ВИ ТЕКНАЛО МАКЕДОНИЈА У21 ДА ЈА ДОНЕСЕТЕ ПОВТОРНО ВО БИТОЛА, А ДА ОЧЕКУВАТЕ ПОЛН СТАДИОНИ, ТОА Е ЗАВРШЕНА ПРИКАЗНА !“




































