Ракометната младинска селекција на Македонија (20 години), уште еднаш беа подобри од врсниците од Словачка.
Откако вчера славеа победа со три гола разлика , денеска во втората контролна средба македонските младинци ја победија Словачка со 32-28.
На натпреварот одиграна во СЦ „Јане Сандански“, нашите млади ракометари постојано ја контролираа играта и резултатот. Првата поголема предност ја имаа во 13.минута кога водеа со 8-4. Во финишот на првиот дел жолто-црвените имаа и најголеми +7 (20-13), за на полувреме да заминат со водство 20-14.
И во вториот дел иста слика. Македонија ја контролирале играта, а Словаците јалово се обидуваа да намалат нешто од разликата. На крајот македонските младинци заслужено се радуваа и на втората победа, оваа изразена со четири голови разлика.




































