Најдобриот Македонски фудбалер во моментов и член на Италијанскиот калчолигаш Наполи, Ељиф Елмас најави целосна посветеност на натперварот против Фарските Острови и потенцираше дека кога е на репрезентативен собир, единствениот фокус му е настапот о репрезентативниот дрес, а за клупските обврски ќе размислува кога ќе се врати во Италија.
Еламс потенцираше за добрата форма во која се наоѓа нашиот утрешен противник и затоа ќе биде важно да се одработи се она што ќе се договори на тренинг и во соблекувална.

“Сите ние во репрезентацијата секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас за Македонија. Така ќе биде и утре со Фарски острови. Јас за репрезентацијата секогаш сум максимално мотивиран. Тоа што е Наполи, тоа останува таму и во моментов е небитно, размислувам само за Македонија. Секогаш се трудам да го дадам максимумот. Утре нѐ чека предизвик во кој ќе го дадеме максимумот, зашто знаеме дека Фарски острови имаат добра низа на резултати. Но, ќе излеземе на терен да го направиме тоа што ќе се договориме и тоа што го бара селекторот од нас”. – рече Елмас

Токму Елмас еше стрелец на натпреварот против Малта, а се очекува да биде лидер на тимот и на утрешниот натпревар