Македонската фудбалска репрезентација со победа над Малта ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Со оглед на тоа што се наоѓаме во една од групите со непарен број репрезентации, нашиот национален состав е слободен во второто коло, а истото ќе биде искористено за тест натпревар против Фарски Острови.

Без разлика што се работи за натпревар од пријателски карактер, селекторот Милевски најави сериозен пристап и атак на позитивен исход

„За утрешниот меч нема сметам на неколку фудбалери, се надевам дека сите останати ќе биде во ред и ќе бидат во комбинација. Овој натпревар не смее да биде поразличен од било кој друг. Сите што се тука и кои ќе настапат го знаат тоа и мора да дадат сè од себе за на крај да стигнеме до позитивен резултат. Сè уште не можам да кажам кои фудбалери ќе истрчаат од првата минута.
Според статистиката Фарски Острови немаат пораз на последните седум меча. Секако дека се нивни најголем успех во тој период е победата над Турција, а против Молдавија покажаа дека по традиција играат на сила и со многу трчање. Но, исто така видлив е и нивниот напредок на тактички план. Максимално треба да бидеме фокусирани. Нема фаворити во денешниот фудбал и тоа ќе го кажам по којзнае кој пат. На ваков меч се испробуваат разни варијанти кои ќе ни помогнат за следните натпревари, за понатаму“,
рече Милевски.

Селекторот Милевски, на овој натпревар нема да може да смета на Дориан Бабунски кој се повреди пред натпреварот со Малта, како и Ѓоко Зајков кој се повреди на натпреварот во четвртокот.

Поради клупски обврски ќе ги нема и Столе Димитриевски и Висар Муслиу.

Натпреварот Македонија – Фарски острови што ќе се игра утре на арената „Тодор Проевски“ ќе започне од 18