Со два натпревари одиграни попладнево стартуваше новото издание на кошаркарската Евролига. Новајлиите во оваа конкуренција екипите на Дубаи и Хапоел Тел Авив со победа го почнаа своето деби.

На блискиот исток, тимот на Дубаи составен од интернационалци и без ниту еден домашен играч го победи белградски Партизан со 89-76.

Во Тел Авив составот на Хапоел приреди радост на својата публика поразувајќи ја Барселона убедливо со 103-87.

Вечерва на програмата од премиерното коло се уште пет натпревари.

ЕВРОЛИГА – 1.коло

Вторник
19:45 АНАДОЛУ ЕФЕС – МАКАБИ ТА
20:00 ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – МИЛАНО
20:15 ПАНАТИНАИКОС – БАЕРН М.
20.30 БАСЛИКОНИJA – ОЛИМПИЈАКОС
20:30 ВИРТУС БОЛОЊА – РЕАЛ МАДРИД

Следете нé на социјалните мрежи