Иако до крајот на сезоната во Мото ГП првенството остануваат уште четири трки, Марк Маркез ја обезбеди титулата.

Шпанецот утринава на трката за Големата награда на Јапонија заврши како втор зад Франческо Бањаја, што беше доволно да се израдува на трофејот.

За мотоциклистот на Дукати тоа е седма титула во кариерата во „Кралската класа“, прва по 2019 година. Со тоа Маркез се израмни со легендарниот Валентино Роси, а пред нив останува само Италијанец, Џакомо Агостини со осум.

Марк има вкупно девет светски титули, вклучувајќи ги и оние во класата до 125cc во 2010 година и Мото2 во 2012 година.

До крајот на Мото ГП шампионатот, трките во Индонезија, Австралија, Малезија и Португалија.

Следете нé на социјалните мрежи