Ракометарките на Куманово се враќаат со голем пораз од гостувањето во Литванија кај екипата на Каскада Гарилава. Кумановки беа совладани со 25-32 во првиот натпревар од 2.коло на ЕХФ Европскиот куп.
Литванската екипа постојано уште од самиот почеток го контролираше. Имаа домаќинките во неколку наврати три гола предност, но на полувреме кумановки заминаа само со гол негатива 15-14.
Затоа пак во вториот дел составот на Каскада го почна со серија од пет гола, без примен, па направи голема предност која на крајот се покажа како решавачка. Конечниот резултат гласеше 32-25 за литванската екипа.
Португалката, Марија Силва Азеведо со 11 и Бразилката, Аманда Каролајн Мителштад со 7 гола беа двете најефикасни ракометарки на Куманово. Реваншот во Куманово ќе се игра следната сабота (4 октомври)
Вечерва пак од 19 часот во Словенија, својот прв натпревар од истата рунда во Европскиот куп ќе го играат ракометарките ба Чаир. Тие и гостуваат на екипата на Ајдофчина.
Потерување дека во истото ова натпреварување, Македонија ќе ја претставуваат и екипите на Металург Автокоманда и шампионот Ѓорче Петров.