Иако екипата на Атлетико Мадрид лошо ја почна сезоната, сепак избраниците на Диего Симеоне се „разбудија“ токму кога најмногу требаше.
Тие попладнево во мадридското дербито, а од 7.коло на шпанската Ла Лига го победија градскиот ривал Реал убедливо со 5-1.
Супер ефикасно одиграа домашните фудбалери кои уште во 14.минутга преку Ле Норман поведоа со 1-0. Реал не само штоп ја анулира негативата туку и успеа да поведе. Со головите на Мбапе (25) и Ѓулер (36) Реал водеше со 1-2. Сепак, до крајот на полувремето Атлетико со голот на Сорлот (45+3) израмни на 2-2.
Во вториот дел, тотална доминација на Атлетико. Со двата гола на Аргентинецот, Алварез (51 минута од пенал и 63), популарните „јорганџии го најавија триумфот. Радоста и победата ја потвбрди Французинот, Гризман со голот во судиското дополнение (90+3).
Ова за Атлетико е трета победа сезонава, со која изби на 4.место на табелата. Реал ја прекина победничката низа од шест победи, но засега останува прв со два бода повеќе од Барселона. Каталонскиот тим утре против Сосиедад има можност со победа да го преземе лидерското место на табелата.





































