Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва ги чека нов натпревар во Лигата на шампионите.
Во рамките од 3.коло во Битола, Еурофарм Пелистер го пречекува данскиот ГОГ Гудме.
Денешниот противник, заедно со Загреб кого Пелистер го совлада на отворањето на сезоната, се конкурентите на битолчани за влез во разигрувањето. ГОГ Гудме претрпе порази во првите два натпревари, од Барселона и Сегед. Сепак, тоа не треба да ги залаже македонските шампиони.
До победа може да се дојде само со максимална ангажираност и борба во текот на целиот натпревар, свесни се во таборот на зелено-белите.
„ГОГ Гудме има многу млад тим. Секоја година тие или ги продаваат или ги менуваат постарите играчи. Доаѓаат играчи од нивната академија и сите играат ист ракомет. Брзо играат, но мислам дека тоа во среда нема да им биде доволно.
Нашата одбрана се надевам дека ќе спречи нивни лесни голови, да не дозволиме полуконтри и контри.
Сакам да ги повикам навивачите, заедно да го прославиме нивниот роденден и со победа да го потврдиме напредокот“, вели Нејц Цехте.
Денешниот ќе биде петти меѓусебен дуел на повие два тима кои имаат по две победи на домашен и гостински терен.
Дуелот Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“, ќе почне во вечерниот термин од 20.45 часот.
Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.





































