Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер неа многу време за одмор. По тешкото дерби со Алкалоид во саботата, пелистереци утре ги чека нов натпревар во Лигата на шампионите.
Во рамките од 3.коло во Битола, Еурофарм Пелистер го пречекува данскиот ГОГ Гудме.
Се подготвуваме максимално. Играме против млада екипа која што игра скандинавски ракомет. Сме се соочиле со такви екипи, и сме минувале и добро и лошо. Ќе го дадеме нашиот максимум, како што беше на натпреварите со Загреб и ПСЖ.
Сакаме да извојуваме победа и да ги израдуваме нашите фанови особено „Чкембари“ кои што слават роденден од 40 години.
Сите веруваме во чуда и на натпреварите даваме по 200% и секогаш ќе се бориме до крај – до последните минути“, изјави левото крило на пелистерци, Петар Атанасијевиќ.
Дуелот Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме што ќе се игра во среда во салата „Боро Чурлевски“, ќе почне во вечерниот термин од 20.45 часот.





































