Екипата на ТФТ е победник на меморијалниот турнир „Андреј Грковски- Тафта“ кој беше во организација токму на клубот од скопската населба Тафталиџе. Во финалниот натпревар, ТФТ со пресврт во последниот период го совлада шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 74:73.

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја добија првата четвртина, а стартуваа уште подобро во втората. За неполни три минути, направија серија од (15-6), со која изградија прва посериозна предност, двоцифрена (32:21). Нешто помала (46:37) беше позитивата за „металците“ на крајот на првото полувреме.

На стартот на второто полувреме, домаќинот ТФТ со серијата од 9-2, дојде до минус два поени (46:48). МЗТ се врати во ритам и стигнаа до највисоката предност (61:48). Но седумте поени по ред на кошаркарите на ТФТ во период од 80.секунди го оставија домаќинот „во игра“ за победа. По три одиграни четвртини, МЗТ Скопје водеше со (61:55). Во неполна минута, двоецот, Дејвис Џуниор-Гордон, донесе израмнување, (61:61). Со поените на Дејвис Џуниор, на 68 секунди пред крајот, ТФТ имаше минимални 74:73. МЗТ не го искористи последниот напад, па ТФТ и нивните навивачи се радуваа на победата.

Кај ТФТ, Дејвис Џуниор броеше до 31.поен (8.скока и 4.асистенции), Гордон имаше 18, а Виктор Ташовски заврши со 16 поени. Прв стрелец во редовите на МЗТ беше МекКејден, кој заврши со 16.поени.

Овој натпревар е добра увертира за она што може да го чекаме во новата сезона која стартува на 4 октомври. Претходно на 28 септември во СЦ „Кале“ ќе се игра Супер купот.

Следете нé на социјалните мрежи