Македонскиот првак Eврофрам Пелистер вечерва ќе го игра вториот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

По стартниот триумф над Загреб, пелистерци по мотивирано влегуваат во продолжението на сезоната. Во натпреварот 2.коло на Б групата, битолчани вечерва ги чека тешко гостување во Франција кај ПСЖ.

„Светците“ со променет тим не ја почнаа сезоната како што посакуваа. На трите досегашни одиграни натпревари тие претрпеа два порази. Едниот од Монпеље во Супер купот на Франција, како и оној од Магдебург на отворањето на сезоната во шампионската лига.

Новиот тренер на пелистерци Рубен Гарабаја смета е можеби сеуште не воиграноста на противникот ќе биде шанса за Пелистер да оствари позитивен резултат.

„Мораме да се фокусираме на самите себеси, за да напредуваме секојдневно.„

Треба да се фокусираме на добрите страни на ПСЖ и да го дадеме најдоброто од себе. Да се обидеме да бидеме ефективни и ништо да не му биде лесно на ривалот.

ПСЖ има супер-тим, со супер-ракометари и одличен тренер. Добро е што играме со нив на почетокот на сезоната, бидејќи секојдневно ќе напредуваат. Во Париз нема да ги имаме нашите навивачи, нашиот осми играч, но сигурно ќе ја почувствуваме нивната поддршка“, изјави 

Натпреварот што ќе се игра во салата „Пјер де Кубертен“ ќе почне од 20.45 часот, а може да го гледате низ тв преност на МРТ3 или овде (линлк).

Во истиот термин се игра и дербито на колото во Б групата, меѓу Барселона и европскиот првак Магдебург.

Следете нé на социјалните мрежи