Од денеска до сабота во Охрид ќе се одржува меѓународниот турнир за ракометарки „Трофеј Македонија“.

По долгогодишна пауза, Ракометната федерација на Македонија, повторно се реши да го организира овој турнир. Како што истакна претседателот на федерацијата Стефанов, турнирот ќе биде во функција на македонската сениорска селекција. Нашите ракометарки ќе може да одиграа три добри контролни натпревари, против Тунис, Египет и Грција, редоследно. Тие ќе бидат добра подготовка за претстојните натпревар против Германија и Словенија во квалификациите за ЕП 2026 година.

Селекторот Кристијан Грчевски, мораше да го подмлади тимот што ќе настапи на овој турнир. Дел ракометарките ја завршија репрезентативната кариера, а дел неможе да настапат поради повреди.

Натпреварите ќе се играат во салата „Биљанини извори“, денеска и утре во термините од 18.15 и 20.30 часот. Македонските ракометарки ќе играта во вечерниот термин, денеска против Тунис, а утре против Египет. Во сабота Македонија ќе игра против Грција во терминот од 16.30 часот.

Влезот во салата е слободен, а натпреварите може да ги следите (гледате) ВО ЖИВО ОВДЕ.