На Европското кошаркарско првенство денеска е започнува четвртфиналната рунда од разигрувањето.
Осум селекции ќе се борат за четирите места кои потоа носат разигрување за медалите. Од фаворитите пред почетокот на првенството ги нема Србија и Франција кои беа елиминирани во осминафиналето, како и актуелниот шампион Шпанија која не ја мина ниту групната фаза.
Светскиот првак Германија заедно со селекцијата на Турција се двете репрезентации кои досега покажаа најмногу на првенството.
Турците својата добра форма ќе треба да ја потврдат во дуелот со селекцијата на Полска во првиот денешен четвртфинален натпревар.
Победникот од овој дуел ќе го чека исходот од натпреварот меѓу Литванија и Грција што ќе се игра вечерва.
Вториот полуфинален пар ќе го дознаеме утре, по одигрувањето на преостанатите четвртрфинални натпревари. Во нив за место меѓу четирите најдобри ќе играат, Финска – Грузија и Германија – Словенија.



































