Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни два од четвртото коло. Екипата на Македонија Ѓорче Петров се израдува на првата победа, на која Тиквеш и АП Брера ќе почекаат во некоја друга можност.

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР 2-1

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров со пресврт славеа победа над битолски Пелистер со 2-1

Натпреварот започна фантастично за гостите од Битола, кои веќе во 2.минута со голот на Лука Богдановиќ поведоа со 0-1. На втор гол се чекаше се до 24-тата минута и тоа од пенал. По стартот на Спировски врз Гереро беше досуден пенал за домаќините кој го реализира Сименон Христов за 1-1.

Колумбиецот, Гереро беше најдобриот поединец на натпреварот, а тоа го потврди и со голот во 66.минута за водство и победа на Македонија ЃП со 2-1. Иако до крајот на натпреварот имаше уште неколку шанси на двете страни резултатот остана не променет.

ТИКВЕШ – АП БРЕРА 0-0

На дуелот во Кавадарци каде Тиквеш ја пречека струмичка АП Брера мрежите мируваа. Иако домаќините пред се имаа повеќе зрели шанси за гол, а во неколку наврати се заканија и гoстите, резултатот на крајот остана 0-0.

Оваа рунда ќе биде комплетирана со натпреварот Работнички – Шкендија кој беше одложен поради настапот на тетовци на европската сцена.

Следете нé на социјалните мрежи

ПМФЛ 4. КОЛО

денеска
ТИКВЕШ – АП БРЕРА 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР 2-1
вчера
АРСИМИ – СИЛЕКС 0-1
БАШКИМИ – СТРУГА Т.Л. 0-5
Петок
ШКУПИ – ВАРДАР 2-4
одложен
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА