Професорот по кошарка Борче Даскаловски ќе седне на тренерското столче на „кормилото“ на битолски Пелистер. Ова денеска го информираа од таборот на битолскиот клуб.
Изборот за нов тренер на „зелено-белите“ падна врз искусниот стручњак кој беше дел и од стручниот штаб на сениорската репрезентација на Македонија, како асистент на селекторот Марјан Илиевски.
Даскаловски е изборот на управата на „зелено-белите“, со кој беше потпишан договор за соработката за новата натпреварувачка сезона.
Во изминатиот период беа разгледувани неколку опции за нов шеф на стручниот штаб, по што изборот падна на Даскаловски, кој ќе има за задача да ги оствари зацртаните цели за периодот што следи.
Тој беше член на стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија во претквалификациите за СП 2027, претходно беше дел од А-тимот и додека селектор беше Јорданчо Давитков.
Даскаловски воедно со години е и Професор по кошарка на Факултетот за Физичко Образованио, Спорт и Здравје.
За Даскаловски ова ќе биде своевидно враќање во Пелистер, за кој како играч настапување една сезона (2006//07). Потоа тој ги направи првите чекори и како тренер, најпрвин во Вардар, а потоа и во Карпош Соколи, тим што го предводеше во европските купови. Извесен период беше и дел од стручниот штаб во Астана, додека прв тренер на овој клуб во ВТБ-лигата беше Емил Рајковиќ. Негов последен тренерски ангажман беше како предводник на Кожув каде се задржа неколку месеци.
Даскаловски со Пелистер покрај обврските на домашната сцена, ќе има и настап во ФИБА Лигата на шампиони.