Женската кадетска селекција на Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП за ракометарки до 17 години во Македонија Потгорица.

Во натпреварот за 21 место, кое гарантираше опстанок во елитната конкуренција на шампионатот (2027-ма), Македонија загуби од Романија со 25-40.

Целата работа околу победниот беше решена уште во првите десетина минути кога Романките направија предност од 2-10. Веќе на полувремето противникот имаше 12 голови позитива 10-22. Вториот дел беше само чиста формалност па Романија заслужено се радуваше на победата.

Така на следниот шампионат (2027 година) македонската селекција ќе игра во второто квалитативно натпреварување, односно ЕХФ шампионатот.

Следете нé на социјалните мрежи