Македонските кошаркари попладнево во Шолнок, против Унгарија го играат вторникот натпревар од пред-квалификациите за СП 2027-ма. 

Американецот со македонски пасош Џејкоб Вајли ќе биде нашиот најголем адут. Тоа искусниот Вајли го потврди ушше на првиот меч против Романија што го загубивме. 

Сепак, Вајли е оптимист дека во двете последователни гостувања Македонија може да извлече позитивни резултати, односно победи. 

„Ги гледавме, имавме видео-анализа на нивната игра против Романија, Имаа добар почеток, но како одминуваа минутите нивната игра бележеше пад. Романците ги победија, не гледам причина зошто не би го направиле тоа и ние овде во Шолнок.

За да биде такa, треба да ја задржиме онаа енергија која ја имавме и ја употребивме на дуелот со Романците. Ќе се обидеме да го намалиме бројот на грешки, оние од технички карактер, да имаме што помалку загубени топки. Добро да го градиме рекетот, бидејќи имаат предност во висина. Сето тоа се работи преку кои овој тим треба да “расте“, да се гради низ овие натпревари.

На добар пат сме да го направиме тоа, ова е само една станица.

Имаме свои шанси, сакаме да ги искористиме, и тоа ако може, веднаш, во овој меч со Унгарија, кој извесно, ќе сакаат да ги поправат грешките од гостувањето кај Романците, и да победи пред својата публика“, вали Вајли. 

Денешниот дуел Унгарија – Македонија ќе почне од 18 часот, а ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи