Женската кадетска репрезентација на Македонија, денеска го одигра шестиот натпревар на Европскиот шампионат за ракометарки до 17 години во Подгорица, Црна Гоора.

Избраничките на селекторката Даниела Новевска се поразени од Литванија во натпревар од разигрувањето за пласман од 17 до 24-то место.

Освен во водените десетина минути во кои нашите млади ракометарки имаа водство, останатиот тек од натпреварот мина во знакот на противничките. Литванките го добија првото полувреме со четири голови разлика (12-16), а во второто ја зголемуваа предноста. На крајот Литванија славеше со конечни 33-24.

По овој пораз, младите македонски ракометарки сега ќе разигруваат за 21 место, односно опстанок во елитната конкуренција на Европскиот шампионат.

Противник ќе им биде поразениот од дуелот Норвешка и Фарските Острови.

Следете нé на социјалните мрежи