Младата женска ракометна репрезентација на Македонија до 17 години го претрпе четвртиот пораз на Европскиот шампионат.

Во 2.коло на втората рунда, македонските млади ракометарки, денеска се убедливо совладани од Шведска со 23:42.

Уште на почетокот на натпреварот се виде дека Швеѓанките се подобар противник. Тие од минута во минута ја зголемуваа предноста, а најголемата во изнесуваше 9 гола разлика. На паузата Шведска замина со +6 (12:18).

Противникот продолжи со својата игри во вториот дел. Како резултат на таквата игра на шведската селекција, македонските кадетки немаа одговор, па на крајот загубија убедливо со 19 разлика.

Таида Берковиќ со пет голови беше прв стрелец во македонската репрезентација, за која, по еден помалку постигнаа Ања Шешковска и Бојана Ѓеорѓиевска.

Втората рунда на шампионатот Македонија ја заврши како трето рангирана во „Ј“ групата. Така нашите млади ракометарки во продолжението на првенството ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи