Фудбалерите на Вардар беа надиграни од швајцарската Лозана и ја завршија својата авантура на европската сцена. Во реванш дуелот од второто квалификациско коло за Конференциската лига, Вардар загуби на гостувањето кај Лозана со 5-0.
Вардарци во овој реваншот влегоа со гол предност, откако во Скопје славеа со 2:1 во првиот натпревар. Таа предност вардарци не само што ја загубија уште во првото полувреме, туку веќе имаа и негатива од два гола.
Од самиот почеток домашниот тим тргна офанзивно, сакајќи да ја надополни негативата/ Тоа им успеа веќе во 16.минута кога по корнерот од левата страна, заспаноста на вардаровата одбрана ја казни Ное Дисен.
Не мина ниту минута, а Вардар имаше можност да стигне до израмнување. Сепак домашниот голман Хрватот, Летица беше поуспешен од Мато, а потоа о Омерагиќ.
Веќе во 33.минута по брзата контра Лозана поведе со 2-0, а стрелец на голот беше Сенегалецот, Манаду Кали Сене. Истиот фудбалер во втората минута од судиското дополнување (45+2) со својот втор гол му донесе водство на тимот на Лозана со 3-0.
Сагата на Вардар продолжи и во второто полувреме. Домашниот тим доминираше во играта, а тоа донесе нов гол. Во 55-тата минута во листата на стрелци се запиша и Косовецот, Ајдини, a во 84.минута Траоре го постави конечниот резултат 5-0 за Лозана.
Така по, Силекс и Работнички кои беа елиминирани во првата, Вардар го заврши настапот во втората квалификациска рунда.
Сега само шампионот Шкендија останува претставник на Македонија на европската сцена, а тетовци таму ќе останат во доцна во есента, почетокот на зимата.


































