Тимот на Баер Леверкузен приреди сензација попладнево и на домашен терен со пресврт успеа да го совлада лидерот на табелата до ова коло Баерн Минхен.

„Баварците“  први повдеа со голот на капитенот Кимих во 22.минута кога ударот на германецот се одби од противничкиот дефанзивец што беше доволно да го измами чуварот на мрежата на Леверкузн, Лукас Храдецки. Токму погодокот на Кимих беше единствен во првиот дел, со што на пауза гостите од Минхен отидоа со предност од 0-1.

Вториот дел почна во знакот на домаќините а веќе во 55-тата минута по консултација со ВАР, судијата досуди пенал за Леверкузен. Мирен реализатор на истиот беше Езекил Палациос, за изедначување.

Речиси идентична слика видовме и 16 минути подоцна кога во 71 минута  повторно се огласи ВАР системот, а ЛЕверкузен доби уште еден пенал. Обврската ја презеде повторно Езекил Палациос кој по втор пат беше непогрешлив за целосен пресврт и водство на неговиот тим.

Минхенски Баерн тргна во целосна офанзива до крајот на натпреварот, но домаќините мудро го чуваа својот гол и на крајот се радуваа на голем триумф.

Најголем победник од овој натпревар се Милионерите од Дортмунд кој сега го презедоа лидерското место и со 53 бода и еден повеќе во однос на Баерн Минхен се први на табелата. Леверкузен со 37 бода се на осмата позција

Токму двете водечки екипи, Борусија Дормунд и Баерн ќе се сретнат  во следното коло по репрезентативната пауза кога на 1 април на Алиенц Арената во Минхен е закажан „Дер Класикер“.