Ерлинг Халанд фантастичниот голгетер на Манчестер Сити за сао четири дена постигна осум голови.
Откако во осминафиналето на Лигата на шампионите, за неполн час му даде пет гола на Лајпциг, по што Пеп Гвардиола го повлече од игра, вчера во четвртфиналниот мечот од ФА купот против Барнли, Халанд забележа хет-три постигнувајќи три гола.
И не паметиме кога и кој последен пат во толку краток период на два натпревари постигнал вкупно осум погодоци.
Запрашан по натпреварот со Барнли, за учинокот на Халанд на овие натпревари, тренерот на Манчестер Сити, Гвардиола изјави дека го повлекол Норвежанецот од игра за да не го собори рекордот на Лионел Меси.
„Да осум гола за четири дена. Јас играв 11 години во Барселона и постигнав само 11 гола. Ха. Да тоа е неверојатно. Да, јас решив да го сменам по третиот гол, за да не го собори рекордот на Меси во ФА купот“,
изјави низ потсмев Шпанецот.
Ваквата изјава на Гвардиола, доаѓа по неговата одлука да го повлече од игра Халанд на средбата со Лајпциг, на што светските медиуми веднаш поитаа да го нападнат шпанскиот тренер, дека тоа го сторил намерно, за Халанд да не го собори рекордот на Меси и Бразилецот, Луис Адриано, кои исто како и Норвежанецот имаат постигнато по пет голови на еден меч во Лигата на шампионите.
Народната македонска поговорка вели „Кој си ја има мувата на капата….“, ова сигурно може да се однесува и на Пеп Гвардиола, имајќи во предвиде дека голем дел од англиските и шпанските медиуми пред извесно време информираа дека Халанд и Гвардиола не се во најдобри односи и дека Норвежанецот нај веројатно ќе го напушти Сити летово.