Продолжува одличната серија резултати на Атлетико Мадрид во шпанската Примера. Избраниците на Чоло Симеоне со убедливи 3-0 лесно се справија со Валенсија за трета победа во низа и четврта по последните пет натпревари.

Водство за домаќините донесе Антоан Гризман во 23-тата минута на одлична асистенција на Марос Љоренте.
Само шест минути подоцна Валенсија успеа да дојде од изедначување преку Хуго Дуро, но неговиот гол го поништи ВАР системот кој покажа фаул во напад, па резултатот остана 1-0 во полза на Атлетико Мадрид.

Вториот дел повторно почна во знакот на домаќините па по само четири минути игра, Јаник Караско ја зголеми предноста на 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Томас Лемар со прецизен удар со глава.

Атлетико со оваа победа дојде до 51 бод со што се осигура на третата позиција, а Валенсија остана да виси во долниот дел на табелата, каде со 26 бода е на границата за испаѓање.