Најдобриот стрелец на Манчестер Сити , Ерлинг Халанд е се поблиску до заминување од клубот.

По видливата кавга со тренерот Пеп Гвардиола, Халанд размислува за напуштање на Сити.

Норвежанецот кој продолжува да игра на импресивно ниво и во моментов е најдобар стрелец во Европа, има обезбедено неколку клаузули во договорот кои му овозможуваат брзо заминување.

Се споменува можен договор со Реал Мадрид!?

Според медиуми кои носат проверени информации од ,,Кралскиот клуб”, како и извори блиски до ѕвездата на Манчестер Сити, Халанд има шанси да биде нов играч на Реал уште следново лето.