Фудбалските гурмани вечерва ќе може да уживаат во најголемото светско дерби, дуелот на Барселона и Реал Мадрид.

Лутите шпански ривали во новото „Ел Класико“ ќе се сретнат вечерва на „Камп Ноу“ каде ќе се игра вториот и претпоследен сезонава, но меч кој може директно да решава за шампионскиот трофеј.

Последниот дуел на овие два тима ќе биде реванш натпреварот од „Копа Дел Реј“ што ќе се одигра на 5 април, во кој Барса, ќе влезе со предност од 1-0 остварена на првиот натпревар во Мадрид.

Иако за „Кралскиот клуб“ најголем фокус оваа сезона е одбраната на трофејот во престижната Лига на шампионите во која ќе се обидат да ја освојат својата 15 титула, сепак вечерашниот меч Реал едноставно ќе мора да се обиде да победи, доколку сака да остане во игра на шампионскиот трофеј.

Победа на пак на домаќините, ќе им донесе на Каталонците предност од 12 поени во Ла Лигата на исто толку преостанати натпревари.

Од почетокот на оваа сезона до сега се изиграни три „Ел Класика“ натпревари во кој Барса води 2-1 во победи, при што го победи вечниот ривал два пати во текот на 2023 година, добивајќи ја и пресметката во „Супер купот“.

Битката помеѓу Винисиус и Араухо ќе биде клучна и најверојатно ќе се одлучи победникот, сепак не може да се изостави и евентуалната пресметка на на најдобрите стрелци Левандовски и Бензема кои се во одлична форма оваа сезона.

Вечерашното „Ел Класико“ што ќе се игра на „Камп Ноу“ ќе започне од 21 часот.