Макс Верстапен ќе ја има првата стартна позиција на утрешната трка во Формуlа 1 шампионатот, што ќе се вози за Големата награда на велика Британија.
Актуелниот шампион Верстапен, ги победи своите ривали во трката за титулата, Оскар Пјастри и Ландо Норис.
Холанѓанецот на денешните квалификации оствари најдобро време, откако двајцата возачи на Мекларен направија мали, но скапи грешки. Верстапен беше за 0,103 делови од секундата побрз од Пјастри, а Норис имаше трето време.
Зад ова трио, трката ќе ја полнат, Џорџ Расел од Мерцедес и возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер.
Пјастри влегува во трката, во недела, со 15 поени предност пред Норис, додека Верстапен е трет, 61 поен зад водечкиот.





































