Младинска ракометна репрезентација со пораз го почна настапот на Светското првенство што се одржува во Полска. Во дуелот од 1.коло во групата во Катовице, Македонија загуби од Фарски острови со 33:28.

На почетокот на дуелот Македонија имаше минимална предност, а по 6:6 противникот стигна и до предност, која на полувремето изнесуваше и 16:15. На стартот од вториот дел избраниците на селекторот Раде Стојановиќ се обидоа да дојдат до предност, но противникот се одлепи на +4 (21:17). Тоа се покажа како решавачки момент. До крајот на дуелот Фарски острови само ја потврдија победата, предводени од извонредниот Оли Митун, кој постигна неверојатни 15 голови.

Најефикасни кај Македонија беа Калаџиески и Димитар Узунчев, кои постигнаа по 6 голови.

Македонија утре во второто коло ќе игра против Романија (14 часот), која денеска оствари победа над Исланд со 29:25.

Следете нé на социјалните мрежи