Барселона на победи белградска Црвена Звезда во натпреварот со кој беше комплетирана 29-тата рунда во кошаркарската Евролига.
Интересен натпревар одиграа овде два тима во „Блау грана“ во кој двете екипи имаа свои добри периоди на игра. Повеќе домаќините кои имаа и двоцифрена предност, но во самата завршница се доведоа во ситуација да се плашат за победата.
Аргентинецот, Кампацо кој средбата ја заврши со 24 поени за црвено-белите не можеше само да ја совлада Барса во чии редови Миротиќ и Весели постигнаа по 21 поен, па Барса славеше со 85-79.
Со оваа победа, вкупно 19-та Барса се врати на 3.место на табелата со ист број на победи како и второ пласираниот Реал и четврто рангираниот Монако, а две победи помалку од водечкиот Олимпијакос.
Со овој пораз пак Црвена Звезда заостанува три победи помалку од Басконија која е на осмото, последно место шво води во плејофот, па само чудо во последните пет кола може да ги одведе црвено-белите во разигрувањето.