македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром утре пред своите симпатизери во Јане Сандански го игра еден од најважните натпревари во АБА лигата.

Аеродромци ја пречекуваат екипата на Игокеа во меч од 22 коло. Тимот на Игокеа е еден од конкурентите на МЗТ во борбата за опстанок, и тоа со две победи повеќе од сино-белите кои се последни, односно една повеќе од Борац кој е на претпоследното место.

„Само со верба во сопствените можности и со почитување на принципите што ги трениравме неделава ќе може да дојдеме до посакуваното во дуелот со Игокеа. Важен натпревар во кој ќе треба да го оствариме срцето на терен, бидејќи и само така ќе може да ја оствариме целта, а со тоа да ги израдуваме нашите верни навивачи“, вели Мајк Кафи, организаторот на играта на МЗТ.

Утрешниот дуел меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Игокеа ќе започне во терминот од 17 часот.