Екипата на белградски Партизан славеше победа над актуелниот и двократен европски првак Анадолу Ефес и тоа во Истанбул.
Во натпреварот од 29-тото коло на Евролигата, Партизан одигра две одлични четвртини, втората и особено последната во која на домашниот тим му уфрли 34 поени или 14 повеќе од противникот.
Иако турскиот тим се до 33-та минута беше во водство (72-71), црно-белите направија неверојатна серија од 18-2 со која создадоа предност од 15 поени која знаеја како да ја сочуваат и да стигнат до триумф со конечни 97-84.
За Партизан ова беше трета победа на последните четири средби, а Ефес го претрпе третиот пораз во исто толку одиграни натпревари, и со вкупно 15 актуелниот шампион прави чекор назад од позициите што водат во плејофот.
петмина играчи во победничката екипа завршија со двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу 19 постигна Кевин Панер.
Покрај овој меч, вечерва се играат уште шест средби од оваа рунда.