Во Втората машка кошаркарска лига денеска започнува разигрувањето односно четвртфиналето во плеј-офот.
Првопласираните осум екипи кои останаа во игра за двете места што водат во прволигашката конкуренција. Од поодамна, тимовите на Маџари, Ангели и Соколи важат за фаворити, а станатите ќе се обидат да им ги „помрсат“ плановите.
Оваа тројка заедно со струшки Црн Дрим ќе ја има предноста на домашниот терен во четвртфиналната рунда што се игра на три добиени натпревари (дома-гости-дома).
Потсетување дека двете екипи кои ќе обезбедат пласман во финалето, следната сезона ќе играат во Првата лига.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Сабота / 3 мај
14.30 часот (4) ЦРН ДРИМ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
18.00 часот (2) АНГЕЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
19.00 часот (1) МАЏАРИ – ОХРИД
19.00 часот (3) СОКОЛИ – БУТЕЛ
Во полуфиналето ќе играат победниците од дуелите 1 и 4 односно 2 и 3.
(1) Маџари / Охрид – (4) Црн Дрим / МЗТ Скопје У.Б.
(2) Ангели / Борец Баскет – (3) Соколи / Бутел




































