Во најквалитетната европска клупска кошаркарска конкуренција, Евролигата, познат е последниот осми тим што ќе игра во плејофот.

Тимот на Реал Мадрид е осмиот четвртфиналист. Кралевите за пласман во плеј-офот се изборија со убедливата победа над минхенски Баерн со 93-71 во плеј-ин дуелот одигран во Мадрид.

Сега Реал во четвртфиналето оди на мегдан на најдобриот тим во лигата Олимпијакос.

Останатите двојки за првата рунда од разигрувањето ги сочинуваат Монако – Барселона, Панатинаикос – Анадолу Ефес и Фенербахче Париз.

Четвртфиналната серија што се игра во три добиени натпревари ќе почне во вторник (22 април).