Фудбалерите на Вардар и Црвена Звезда вечерва на полната арена „Тодор Проевски“ во Скопје, го одиграа хуманитарниот натпревар.

Пријателскиот натпревар од кој собраните средства беа наменети за настраданите во кочанската несреќа заврши со победа на белградскиот тим со 1-3.

Над 20 илјади љубители на фудбалот го проследија овој пријателски натпревар, во кој се беше подредено на хуманитарниот карактер.

На трибините фантастична атмосфера, на теренот, борбен фудбал, а на полувремето, легендите на двата тима ги поздравија присутните.

Што се однесува до самиот натпревар.

Вардар поведе со голот на Маневски во 28-мата минута. Гостите од Белград, уште во првиот дел направија пресврт со головите на Илиќ (41) и Катаи (44.минута).

Конечните 3-1 за Црвена Звезда ги постави Сремчевиќ во финишот на мечот (86.минута).

Дека македонската фудбалска публика сака вакви натпревар, овој меч тоа најдобро го потврди. Но, дали и кога пак ќе гледаме такви дуели и противници останува времето да покаже.